Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многу прашина се крена во спортската јавност по вчершаниот меч меѓу Атлетик Билбао и Реал Мадрид (0-1). Гигантот од главниот град славеше со голот на Серхио Рамос, но само неколку минути подоцна Билбао требаше да добие пенал, но ВАР-собата не реагираше.
Тоа налути многумина во Шпанија, посебно навивачите на Барселона, кои тврдат дека судиите навиваат за Реал Мадрид да стане шампион.
Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас кажа дека многу работи се смениле во јануари кога Флорентино Перез се жалел на судењето.
„ВАР во Шпанија се променија откако Перез во јануари се јави и се жалеше на судењето. Тој 20 минути по меч на Реал се јави и тоа според мене е скандалозно, недозволиво и непримерно“, кажа Тебас.