Трансфер бомба од Апенините: Интер договори фудбалер на Баерн Минхен

Угледен италијански новинар пренесува дека тимот на Интер реализирал одличен трансфер за следната сезона.

Според Иван Реџијани нов фудбалер на „нероазурите“ ќе биде фудбалерот на Баерн Минхен и австриски репрезентативец, Давид Алаба.

Алаба е вистинска легенда на „баварците“ со речиси 400 одиграни натпревари за овој клуб со кој има освоено се што може да се освои.

„Колку што знам, Алаба заминува од Баерн и мислам дека Интер веќе анправи голема работа за неговото доведување. Мислам дека меѓу Алаба и Интер веќе постои договор и Интер би можел да го донесе за следната сезона“ –изајви Реџијани за „Калчомеркато“.

Пред неколку денови Интер го промовираше Ашраф Хакими кој блеска во дресот на Борусија Дортмунд. Доколку дојде и Алаба одбраната на Интер дефинитивно ќе биде едно ниво погоре од сегашната.