Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Марка“ пренесува дека од таборот на Реал Мадрид ја одредиле цената за Хамес Родригез кој по секоја цена сака да си оди од „Бернабеу“ ова лето.
„Кралевите“ ќе го пуштат колумбискиот репрезентативец за сума од „само“ 22 милиони фунти иако претходно бараа многу повеќе.
Хамес Родригез се поврзува со трансфер во Атлетико Мадрид кој во моментов е најблиску до неговиот потпис, а за него се интересираат и Евертон, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Вулверхемптон.