Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Медиумите во Англија пренесуваат дека Барселона во моментов посакува двајца играчи на Тотенхем.
Едниот е Тангуј Ндомбеле за кого „каталонците“ се распрашуваа и претходно, а другиот е младиот Рајан Сесењон.
Интересот за Сесењон е изнанедувачки затоа што станува збор за играч кој во првата сезона во Тотенхем не успеа да се наметне баш многу по неговиот трансфер од редовите на Фулам.
Барселона слично како и сите други клубови е погодена од коронавирусот, па токму затоа нема да има можност со пари да купува играчи, туку тоа ќе се обиде да го направи со директна размена на играчи.