Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус на Торино беше поразен на неверојатен начин на „Сан Сиро“ од Милан.
Италијанските шампиони имаа водство од 0-2, но потоа следуваше нереален пад во играта на „Бјанконерите“, а Милан го искористи сето тоа и постигна четири гола за триумфот од 4-2.
По натпреварот, тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, имаше објаснување за поразот на својата екипа.
“Игравме на највисоко ниво 60 минути. Го контролиравме натпреварот. Потоа, дојде до помрачување. Нема никаква корист во размислувањето премногу за тоа, бидејќи не чека нов натпревар за три дена”, рече Сари, додавајќи:
“Тоа помрачување траеше 15 минути. На сите им се случува во овој период. Мора да извлечеме позитивни работи затоа што е невозможно да се најдат причини за вакви работи. До 62-та минута не им дозволувавме никакви шанси, но тоа помрачување им се случи на сите и ќе беше исто ако јас би можел да ги заменам сите 11 играчи“, рече Сари.
Јувентус има седум бода предност пред Лацио и тешко е да се очекува дека римскиот тим може да ги престигне во трката за титулата до крајот на сезоната.