Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот фудбалер од редовите на Реал Мадрид, Лука Јовиќ ќе мора да оди во задолжителна самоизолација откако бил во контакт со позитивен на коронавирусот.
22 годишниот фудбалер веднаш се тестирал и бил негативен на првото тестирање, но и покрај тоа ќе мора да оди седум или 14 дена во карантин откако негов близок пријател бил позитивен на ковид-19.
Играчот се мачеше со повреда, но сега откако ја надмина се очекуваше дека ќе добие шанса од Зинедин Зидан, меѓутоа опасниот вирус ќе го натера на нова принудна пауза.