Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на Интер е разочарано поради резултативе сезонава и тоа што клубот рано ја загуби борбата против Јувентус за Скудетото, па дел од италијанските медиуми почнаа со шпекулациите дека Антонио Конте ќе добие отказ.
„Кориере дело Спорт“ откри колку пари ќе треба да плати Интер доколку му даде отказ на Конте. Сумата е огромна и изнесува 150 милиони евра, како што пренесува шпански „АС“.
Конте во моментов е најплатен тренер во Серија А со плата од 12 милиони евра годишно и договор до 2022 година.
Во моментов Интер се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 65 бодови, односно два помалку од третопласираната Аталанта и три помалку од второпласираниот Лаци. Прв е Јувентус со 76 бодови на табелата.