Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Миралем Пјаниќ синоќа одигра многу добар натпревар против Сасуоло во дресот на Јувентус.
Со две асистенции во воведните 12 минути, Пјаниќ му овозможи на својот тим водство со 0:2, но Старата дама сепак ја загуби предноста и на крајот едвај стигна до еден бод (3:3).
Асистенциите на Пјаниќ природно го привлекоа вниманието на шпанските медиуми.
Интересен е насловот на Марка по асистенцијата на Пјаниќ за голот на Гонзало Игуаин.
„Ако асистира вака во Барселона, тие нема да го промашат Артур. Страшно додавање“, напиша Марка.
И навистина, Пјаниќ направи вистинска магија.