Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид го совлада Виљареал со 2:1 и со тоа ја обезбеди 34-та титула на Шпанија едно коло пред крајот на првенството.
Мадрид заслужено го освои првенството во Шпанија, а фудбалерите на Реал започнаа да слават веднаш штом судијата го одбележа крајот на мечот, иако овој пат беше малку поразлично затоа што немаше навивачи.
Сите имаа свој начин на славење, а Тони Крос се опушти, па фотографираше хамбугер со наслов: „Вечера на шампионите“.
Фановите на шега напишаа дека треба да престане да јаде ваква храна затоа што наскоро би можел да се претвори во Еден Азар. Со оглед на тоа како играше Белгиецот по пристигнувањето од Челси и откако се здебели, јасно е зошто навивачите се загрижени што Германецот би можел да добие неколку килограми повеќе поради брзата храна, што може да влијае на неговите игри.
Патем, Крос беше многу важен играч на Кралевите во текот на сезоната и тој е еден од оние на кои се темели успехот на мадридскиот тим.