Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аталанта е хит во италијанската Серија А и Лигата на шампиони сезонава. Тимот од Бергамо е во топ-4 во првенството, а обезбеди пласман и во четвртфиналето на елитното натпреварување.
Неколку одлични фудбалери на Аталанта веќе се желба на гигантите, а еден од нив е Дуван Запата, кој има 29 години и Јувентус сака да го ангажира, па веќе подготвки понуда од 30 милиони евра плус голманот Матија Перин.
„Старата дама“ се поврзува со многу напаѓачи, а на листата се уште и Аркадиуш Милик од Наполи, Един Џеко од Рома и Александре Лаказет од Арсенал.
Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи веќе почнал преговори за трансферот на Запата, кој постигна 18 голови сезонава, па останува да видиме дали ќе го ангажираат.