Маркез опериран: Нема оштетувања на нервите, се враќа на својот мотор во Брно!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Актуелниот шампион во кралската класа Марк Маркез имаше успешна операција во Барселона, откако заработи фрактура на коската на раката во трката во Херез.

На шпанскиот возач му се предвидуваше долга пауза, но по операцијата пристигнаа добри вести бидејќи Маркез ќе треба да паузира само неколку недели.

Според новинарот на „Скај“, Антонио Босели, Маркез ќе паузира само три недели, а на својот мотор се очекува да се врати за трката во Брно на 9 август.

Да потсетиме, 27-годишниот возач доживеа тежок пад на четири круга до крајот на трката во Херез, по што на носилки беше префрлен во медицински центар.