Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Белингем (17) одигра 44 натпревари и постигна четири гола за Бирмингем, со што избегна испаѓање од Чемпионшип со два поени оваа сезона.
Фудбалскиот клуб Бирмингем Сити ќе го повлече дресот со број 22 од Џед Белингем, кој се пресели во Борусија Дортмунд.
Белингем му се придружи на првиот тим на Бирмингем на возраст од 16 години и 38 денови, а ова лето стана најскапиот 17-годишник во историјата, откако договори трансфер во Дортмунд. Вредноста на трансферот не беше наведена, а британските медиуми шпекулираа дека може да достигне и до 30 милиони фунти.
За неверојатно кратко време, Џед стана икона на клубот, покажувајќи што може да се постигне преку талент, напорна работа и посветеност. Дресот со број 22 стана синоним за Џед, неговото издигнување во првиот тим на 16 години и 38 дена. Како таков, клубот одлучи дека би било соодветно да го повлечеме бројот, да се сетиме на еден од нас и да ги инспирираме другите – се наведува во објавата на клубот.
Белингем (17) одигра 44 натпревари и постигна четири гола за Бирмингем, со што избегна испаѓање од Чемпионшип со два поени оваа сезона.
Во фудбалот, не е често случај броевите да се повлекуваат. Милан еднаш го повлече дресот со број шест на Франко Барези, а Наполи го повлече бројот 10 кој го носеше Диего Марадона. Ајакс го повлече бројот 14 во чест на Јохан Кројф.