Познато кога почнува новата сезона во Премиер лигата

Во текот на денешниот ден ден беше прифатен предлогот за старт на новата сезона во Премиер лигата.

Истата треба да започне на 12 септември, а нејзиниот крај ќе биде на 23 мај 2021 година.

Клубовите кои се натпреваруваат во европските купови би можеле да добијат поштеда и првенството да го започнат една недела подоцна од останатите.

Од Премиер лигата ќе се консултираат со ФА и ЕФЛ за во скоро време да се состави календарот и за Куп натпреварувањето.