Клубовите од Англија кои играат во Европа ќе добијат дополнителен одмор пред стартот на сезоната


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пред два дена беше донесена одлука новата сезона во Премиер лигата да започне на 12 септември.

Тоа е доволен период за играчите да се подготват за новата сезона, но не е доволно за играчите на оние клубови кои се уште се натпреваруваат во европските купови.

Така, од раководството на Премиер лигата се подготвени да им дадат дополнителен одмор на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челси и Вулверхемптон кои имаат натпревари во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Клубовите ќе добијат 30 дена по својот последен натпревар за да имаат можност да одморат и подобро да се подготват за новата сезона.