Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Интер, Антонио Конте ќе го напушти клубот ова лето, а како најсериозен кандидат да го замени е Масимилијано Алегри.
„Газета дело Спорт“ објави дека Конте по освојувањето на второто место во Серија А и критиките кон раководството на клубот си „потпишал“ отказ, без оглед на резултатот од осминафиналниот меч во Лига Европа против Хетафе.
Алегри, од друга страна, не работеше во последната година, откако го напушти Јувентус каде што беше на чело од 2014 година.
Италијанскиот стратег со Јувентус освои пет титули по ред во Серија А, а беше шампион и како тренер на Милан во 2011 година, па нема да чуди ако го преземе Интер.