Роналдо имаше спектакуларен трансфер договорено ова лето, но короната уништи сè


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо пред две години реши да го напушти Реал Мадрид и да потпише за Јувентус што беше изненадување за сите.

Роналдо пристигна во Старата дама за конечно да го донесе трофејот во Лигата на шампионите во овој клуб, но тој сè уште не успеа во тоа. Пред неколку месеци се шпекулираше дека Роналдо сака повторно да ја смени околината, но тие приказни сега исчезнаа.

Но, Франс Фудбал реши да го пецне Роналдо и неговиот статус во Јувентус. Тие најавија дека Роналдо во полусезона решил дека дефинитивно ќе го смени клубот во текот на летото затоа што имал голема понуда од ПСЖ.

Парижаните беа подготвени да го направат најплатениот играч на светот и ЦР имаше желба да потпише за овој клуб и усно сè беше договорено, но тој пропадна во вода.

Поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, јасно е дека ПСЖ не може да ги исполни сите услови што му ги ветил на Роналдо, па Португалецот се премисли.

Франс Фудбал пишува дека Роналдо имал желба да формира тандем со Нејмар и Мбапе што би било навистина спектакуларно. Но, коронавирусот смени сè, а најверојатно Роналдо ќе остане во Јувентус барем уште една сезона.