Јовиќ на радарот на својот поранешен тренер


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Тимот на Монако неодамна го назначи Нико Ковач за тренер откако му врачи отказ на Алберто Морено.

Француските медиуми пишуваат дека Нико Ковач за засилување во нападот го избрал својот некогашен пулен од Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ.

Србинот не се снајде најдобро во Реал Мадрид и лесно може да ја промени средината во летниот преоден рок.

Се уште не е познато дали тоа би го направил на перманентна основа или во Кнежевството би пристигнал како позајмен фудбалер.