Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Борнмут, Рајан Фрејзер веројатно ќе ја продолжи својата кариера во редовите на Кристал Палас.
„Орлите“ се заинтересираа за играчот и веројатно ќе го обезбедат неговиот потпис откако му понудиле договор со кој ќе заработува 50.000 фунти неделна плата.
За Фрејзер сериозен интерес имаше и од Арсенал и Тотенхем, а одреден период за него се распрашуваше и тимот на Евертон.
Сепак, на крајот тој кариерата веројатно ќе ја продолжи на „Селхрст Парк“.