Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ќе стартува од пол позицијата пред Големата награда за Велика Британија возена на патеката Силверстоун.
Финецот стигна до својата 13. пол позиција во кариерата со време од 1:25.154, само 63 илјадитинки пред својот тимкси колега Луис Хамилтон.
Трет ќе стартува резервниот возач на Рејсинг Поинт, Нико Хулкенберг кој го менува Серхио Перез кој има коронавирус.
Вториот ред ќе го комплетира Макс Ферстапен, петтата и шестата позиција му припаднаа на Рикијардо и Строл, додека седми и осми ќе тргнат Гасли и Леклер.
Последната десетка ја комплетираат Албон и Норис кои ќе стартуваат од петтиот ред.
Себастијан Фетел имаше нови катастрофални квалификации и трката ќе ја започне од 12. место.