Бесните навивачи на Реал Мадрид го „прекрстија“ – Еден Азар! (ФОТО)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Еден Азар пристигна како големо засилување во Реал Мадрид, но не ги оправда очекувањата на раководството и навивачите.

Азар потпиша за „кралевите“ во трансфер вреден 120 милиони евра и се создаде вистинска еуфорија во Мадрид, но потоа следеа лоши настапи, а притоа се повреди.

Белгиецот и во мечот против Манчестер сити не беше добар, па тоа ги налути навивачите кои го критикуваа и го „прекрстија“, па саркастично го прогласија за „Хазалго“.

Азар во 22 меча во дресот на Реал постигна само еден гол, па останува да видиме дали конечно ќе го покаже тоа за што е купен во следната сезона.