Целосен ремонт во Мадрид: Дури девет играчи на трансфер-листата на Реал


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид се збогува со Лигата на шампионите пред неколку дена по поразот од Манчестер Сити, а сега Кралевите се соочуваат со целосен ремонт на тимот.

Јасно е дека овој тим на Реал Мадрид го даде она што можеше во претходните години кога ја освоија Лигата на шампионите три пати по ред, но се чини дека дојде време за големи промени во играчкиот кадар.

Реал ја спаси сезоната освојувајќи ја Ла Лига, но сè освен тоа беше тотално разочарување. Зинедин Зидан ќе остане на клупата на кралскиот клуб, но тој ќе има многу поголеми предизвици следната сезона затоа што ќе остане без повеќето свои играчи.

Шпанските медиуми пишуваат дека Флорентино Перез најави огромни промени, а дека дури девет играчи ќе бидат на трансфер-листата ова лето. Првиот од кој сакаат да се ослободат е Герет Бејл, но веднаш зад него е Џејмс Родригез.

Ова дуо скапо ги чинеше кралевите, а на крајот не покажаа скоро ништо. Како што пишува Марка, покрај овие двајца играчи на излезната врата има седум играчи.

Покрај Бејл и Џејмс, Зидан ги прецрта и Иско, Лука Јовиќ, Лукас Васкез, Маријано Дијаз, Брахим Дијаз, Начо Фернандез и Марсело.