Реал Мадрид го прати Кубо на нова позајмица


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Од таборот на Реал Мадрид го пратија својот екстра талентиран фудбалер, Такефуша Кубо на нова позајмица.

19 годишниот фудбалер кој импресионираше во дресот на Мајорка следната сезона ќе игра како позајмен фудбалер во Вилјареал.

Наводно за неговиот трансфер лично притискал новиот тренер на „жолтата подморница“ Унаи Емери кој дал уверување дека Кубо ќе добива доста шанса во првиот тим на Вилјареал.