Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Даглас Коста пристигна во Јувентус како големо засилување пред три години, но се чини дека тој навистина не се прослави.
Бразилецот имаше проблеми со повредата минатата сезона, но тој не беше на негово ниво во натпреварите што ги одигра. Коста има двегодишен договор со Јувентус, но неговите денови во Торино се чини дека се одбројани.
Новиот тренер Андреа Пирло јасно му кажал на Коста да не смета повеќе на него и дека може да бара нов клуб. 29-годишниот играч би можел да ја продолжи кариерата во Англија, според извештаите на медиумите во Апенините.
Наводно, интерес за Коста покажал Манчестер Јунајтед кој претходно се обидел да го донесе Бразилецот додека сè уште играл за Шахтјор и Баерн. Црвените ѓаволи веќе се во контакт со Јувентус и преговараат за цената.
Јувентус е подготвен значително да ја намали цената за Коста, и да го ослободи за околу 40 милиони евра. Не треба да биде проблем за Јунајтед да ја плати таа сума, но сигурно е дека ќе се обидат да ја намалат уште малку. Но, како работите стојат на Коста, ќе го гледаме следната сезона во Премиер лигата.