Левандовски растури во ЛШ: Полјакот може да се пофали со неверојатни бројки!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Полскиот напаѓач Роберт Левандовски уште еднаш ја покажа својата врвна класа, откако во мечот против Лион (3-0) постигна уште еден гол.

Левандовски стрела во противничките мрежи веќе девет натпревари по ред и пред него е само Роналдо со 11.

Напаѓачот го израмни и рекордот на Јирген Клинсман од далечната 1995/1996 по број на голови на фудбалер на германските клубови во еврокуповите.

Интересно е тоа што Левандовски постигна 55 голови на 46 меча сезонава, а толку гола цела сезона има постигнато Атлетико Мадрид.

Исто така, Левандовски е четврти најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампиони (ЛШ) со 68 голови, а пред него најблиску е Раул со 71, доека Лионел Меси со 115 и Роналдо со 130 се далеку пред него.