„Ван Гал стенкаше и плачеше после отказот“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Некогашниот француски фудбалер Филип Кристанвал се потсети за врето додека настапуваше за Барселона.

Кристанвал во Барселона помина две сезони и во тоа време тренираше под палката на Луј Ван Гал, а денеска кога има 38 години на грбот се потсети на енегдотите кога холандскиот тренер Луј Ван Гал доби отказ на Ноу Камп.

На Ван Гал во 2003 година беше пресуден поразот од Селта, а кога дозна дека е сменет одлучи својата одлука да ја соопшти на играчите во соблекувалната.

„Почна да зборува, одеднаш почна да плаче и да стенка како дете. Бев шокиран колку потона“, откри Кристанвал кој после Барселона играше за Марсеј и Фулам.

Според зборовите на Кристанвал, отказот кој му е врачен на Ван Гал претставуваше задоволство на играчите кои не го сакаа многу.