„Бељерин е амбициозен, но Болт е побрз“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Арсен Венгер го искоментира предизвикот кој Хектор Бељерин го испрати на Усаин Болт.

    Шпанскиот фудбалер успеа во минатата година да го сруши рекордот на Волкот на 40 метри и самоуверено сака да организира трка со најбрзиот човек на светот, а на неговиот потег коментар даде и тренерот Венгер.

    „Тоа е малку амбициозно. Мислам дека Болт премногу е брз за Бељерин“, изјави Венгер за англиските медиуми.

    Бељерин во последно време е стандарден член во последната линија на Арсенал. Во текот на кариерата уште беше член на Вотфорд и Барселона, а воедно и е актуелен млад репрезентативец на Шпанија.