Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Постојат сите шанси Барселона да остане без најголемите sвезди ова лето. Клубот сака да се ослободи од Луис Суарез, додека Лионел Меси сепак ќе биде тешко да се задржи.
Иако ситуацијата на Меси е апсолутно во фокусот во Барселона, Каталонците мора да работат и на нови засилувања.
Шпански Спорт пишува дека Барселона е во напредна фаза на преговори со Ливерпул за трансфер на Џорџино Вијналдум. Холанѓанецот, наводно, веќе се согласил на тригодишен договор со Барселона, а неговиот трансфер на крајот би можел да чини помеѓу 15 и 20 милиони евра – доколку на крајот биде постигнат договор меѓу двата клуба.
Се верува дека Вијналдум е желба на новиот тренер на Барселона, неговиот сонародник Роналд Куман.
Патем, досега се шпекулираше дека Вијналдум ќе потпише продолжување на соработката со Ливерпул, но се чини дека во моментов е поблизу до трансфер на Ноу Камп. Важечкиот договор на Вијналдум со „црвените“ трае до следното лето.
Да потсетиме, 29-годишниот играч за врска пристигна на „Енфилд“ летото 2016. година од Њукасл. Во тоа време, челниците на Ливерпул издвоија близу 28 милиони евра за неговиот трансфер.