Бруно Фернандеш откри како се однесувал со Линделоф по меѓусебниот инцидент на натпреварот со Севилја


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш истакна дека брзо го подобриле односот со Виктор Линделоф со кого имаа жолчна расправа на натпреварот против Севилја.

Двајцата беа фатени на камера како се расправаат, а во еден момент Линделоф на португалски му порача „Filho da Puta“ што во превод значи кучкин син.

„Тој е еден од луѓето со кои имам најдобар однос во клубот затоа што зборува Португалски, а како што видоа сите тој зборува добро. Тоа очиглендо биле првите зборови кои ги научил во Португалија, затоа што секогаш прво тоа ги учиме тие што ќе дојдат кај нас.

Но, тоа беше ситуација за време на натпревар и никој не го зеде тоа здраво за готово. Кога се заврши заминавме директно во нашите земји, тој во Шведска, а јас во Португалија. Кога се поздравувавме се прегрнавме, си ги чукнавме главите и не мораше ни да зборуваме меѓусебно за да ставиме крај на конфликтот“ –појасни Бруно.