Ван дер Сар испрати емотивна порака до навивачите на Јунајтед (ФОТО)


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Откако Дони Ван де Бек потпиша за Манчестер јунајтед, до навивачите на клубот пристигна емотивна порака од легендарниот Едвин Ван дер Сар.

Директорот на Ајакс одигра важна улога во трансферот и им порача на навивачите да уживаат во иднината.

„Мили навивачи на Манчестер јунајтед. Очигледно патиштата повторно ни се сретнаа. Еден од нас доаѓа кај вас сезонава. Брзо стана еден од најдобрите, посебно во последните неколку години. Уживајте во иднината“, напиша Ван дер Сар.