Рамос даде изјава за целата драма околу иднината на Меси


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос кажа дека за шпанската Ла Лига и „Ел Класико“ е подобро да остане Лионел Меси во Барселона.

Рамос, исто така, порача дека Меси заслужил сам да реши за својата иднина.

„Тој заслужи сам да реши за својата иднина, но не знам дали ова е најдобриот начин. За шпанскиот фудбал, за Барселона и за нас, најдобро е да остане. Меси е дел од шпанската Ла Лига, својот тим и Ел Класико“, кажа Рамос.

Меси побара да го раскине договорот со Барселона, зашто смета дека има клаузула според која може да замине бесплатно од клубот, но Ла Лига пресуди во корист на каталонскиот гигант.