Меси конечно го прекина молкот на социјалните мрежи! (ФОТО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го прекина молкот на социјалните мрежи, откако објави фотографија со своите три деца.

Аргентинецот потврди дека ќе остане во Барселона, иако многумина сметаа дека ќе го напушти каталонскиот гигант.

Меси ништо не објавуваше на Инстаграм неколку дена, а единствена комуникација со новинарите и јавноста беше преку неговиот татко и агент Хорхе.

„Кога својата желба ја пренесов на своите деца и сопруга, тоа беше брутална драма. Цело семејство почна да плаче. Моите деца не сакаа да ја напуштам Барселона, ниту сакаа да го менуваат училиштето“, кажа Меси.