Барселона ќе плати пет милиони евра поради одлуката на Куман за – Кутињо!


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман реши да го остави бразислкиот фудбалер Филипе Кутињо во екипата за следната сезона.

Барселона имаше намера да го продаде Бразилецот, а сума од 120 милиони евра во моментов е преголема за сите, а бидејќи не сакаат да го испратат на нова позајмица, Кутињо ќе остане во клубот.

Каталонците поради тоа ќе мора да платат дополнителни пет милиони евра на сметка на Ливерпул. Причина се бонусите вклучени во трансферот на Бразилецот, па Барселона мора да го исплати овој износ ако Кутињо одигра уште 15 меча за нив сезонава.

Нема дилема дека тоа ќе се случи затоа што сезоната ќе биде долга, а Куман смета на Бразилецот.

Кутињо досега вкупно одигра 76 меча за каталонскиот гигант и постигна 21 гол.