Клоп одговори на прашањето дали ќе носат нови засилувања: Ако го најдеме вистинскиотт играч…


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Екипата на Ливерпул засега се засили само со левиот бек Константинос  Цимикас кој пристигна од грчки Олимпијакос.

Се шпекулира дека во клубот ќе пристигне и Тијаго Алкантара од редовите на Баерн Минхен, но барем засега нема разрешница за овој трансфер.

Јирген Клоп во интервју за „Скај Спортс“ говореше дали клубот ќе донесе нови засилувања во овој преоден рок кој завршува на 5 октомври.

„Ние сме во луксузна ситуација каде доколку земеме некој фудбалер, тој ќе биде навистина добар фудбалер, а ако не донесеме никој, тогаш имаме сосема доволно добри фудбалери.

Ако некој одличен фудбалер е слободен за трансфер ќе тргнеме по него. Секогаш било така со нас.

Овој клуб откако јас сум овде го троши тоа што го заработува, тоа секогаш било случај. Не знам зошто тоа е толку изненадувачки сега, не е ништо ново. Се што заработуваме, трошиме, ако треба во тој момент“ –изјави Клоп.