Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тијаго Алкантара ќе стане нов играч на Ливерпул.
Атлетик објави ексклузивна информација дека „црвените“ се договориле да му платат на Баерн 30 милиони евра за трансфер на шпанскиот играч за врска и дека сè треба да биде официјално потврдено наскоро.
Преговорите за трансфер на 29-годишниот играч за врска траат веќе подолго време. На крајот, се чини дека тие се успешно завршени и Тијаго ќе отпатува на „Енфилд“.
Шпанскиот фудбалер го носеше дресот на Баерн во последните седум години. Тој освои апсолутно сè со германскиот клуб за кој одигра 235 натпревари и постигна 31 гол.
Ова дефинитивно ќе биде големо засилување за Јирген Клоп и „црвените“, што ќе им даде дополнителна ширина на средината на теренот.