Интер Мајами се пофали со големото засилување


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Интер Мајами и официјално го претставија своето најголемо засилување во своите редови.

Од денеска нов играч на клубот од Флорида кој е во сопственост на Дејвид Бекам е искусниот напаѓач, Гонзало Игуаин.

Популарниот „Пипита“ преку барата стигнува како слободен агент откако Јувентус вчера дефинитивно го раскина неговиот важечки договор.

Пред Игуаин, во редовите на Интер Мајами пристигна и Блаз Матуиди кој беше прво големо засилување на новоформираниот клуб.