Јовиќ добива шанса? Зидан се жали дека му се потребни голови на Реал Мадрид!

Шпанските медиуми со месеци пишуваа дека Реал Мадрид ќе го испрати српскиот напаѓач Лука Јовиќ на позајмица во нов клуб, но сега ситуацијата се промени.

Многумина сметаа дека време е за Јовиќ да направи чекор напред, но тренерот Зинедин Зидан најверојатно планира да го користи.

Французинот се пожали дека на Реал му се потребни многу голови сезонава, а поради тоа што првиот меч сезонава заврши 0-0 против Реал Сосиедад, тоа најверојатно значи дека ќе му даде шанса и на Јовиќ.

„Тие двајца може да играат заедно. Многу натпревари се пред нас, ќе имаме можност да промениме различни системи. Секој меч, секој противник е различен. Никогаш не сметав дека Јовиќ и Бензема не може да играат заедно“, кажа Зидан.