Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал кажа дека е задоволен со победата во првото коло на Ролан Гарос, иако условите во Париз не му одат во корист.
Бранителот на титулата не блескаше, но рутински го совлада Јегор Герасимов со 3-0 во сетови, односно 6-4, 6-4 и 6-2.
„Не се жалев, само кажав каква е реалната ситуација. Моето мислење не се промени. Условите се исти како и пред четири, пет дена. Ова е поинаков Ролан Гарос. Играме на ист терен, но уништо друго не е исто. Јас ќе останам позитивен и ќе го дадам максимумот. Условите не се во моја корист, но тоа не влијае на мојот ентузијазам“, вели Надал.