Арсенал ќе се соочи против Сити, Евертон го чека Јунајтед во Лига Купот

Со ждрепката во англискиот Лига Куп беа одредени четвртфиналните парови, откако вчера беше комплетирана осминафиналната рунда во која Арсенал славеше против Ливерул.

Во четвртфиналето ни следат два супер-интересни натпревари, во кои ќе се соочат Арсенал и Манчестер сити, додека Евертон ќе го пречека Манчестер јунајтед.

На останатите два меча, кои нема да бидат премногу актуелни ќе се соочат Стоук и Тотенхем, додека последниот четвртфинален пар го сочинуваат Брентфорд и Њукасл.