Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот фудбалер Осман Дембеле не е во плановите на тренерот Роналд Куман, а во исто време за него интерес покажа премиерлигашот Манчестер јунајтед.
Поради тоа многумина сметаа дека Барселона ќе го пушти на „Олд Трафорд“, со оглед на тоа дека не е стартер во Барса и поради кршење на правилата не е во добри односи со Куман.
Играчот беше подготвен да ја напушти Каталонија и да се пресели во Англија, но сега се случи пресврт. Помеѓу него и клубот е постигнат договор да оди во Јунајтед само ако тимот од „Олд Трафорд“ е подготвен да го откупи, односно немаат намера да го пуштат на позајмица.
Останува уште неколку дена до преодниот рок, но јасно е дека Дембеле ќе остане на „Камп Ноу“, иако и самиот е свесен дека младиот Ансу Фати ќе има предност пред него.