Мане позитивен на ковид-19, ќе го пропушти следниот меч на Ливерпул!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул ќе биде ослабен на гостувањето во Бирмингем кај Астон Вила, откако по Тијаго Силва, и Садио Мане е позитивен на ковид-19.

Клубот објави дека Сенегалецот по мечот со Арсенал покажал благи симптоми на вирусот, поради што направи тест, а потоа заминал во самоизолација.

„Како и во случајот со Тијаго Алкантара, Ливерпул продолжи да ги почитува сите протоколи поврзани со ковид-19, а Мане ќе биде во карантин одреден период“, соопшти тимот.

Англискиот шампион својот меч од четвртото коло го игра во недела на „Вила Парк“ од 20.15 часот. По три кола, Ливепрул има три победи, исто како и нивниот следен ривал.