Наполи остана дома, Јувентус ќе го добие мечот со службени 3-0!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Наполи не заминаа за Торино на мечот против Јувентус бидјеќи имаат големн број на заразени фудбалери со ковид-19, па не сакаа да ризикуваат, па дел од италијанските медиуми пишуваат дека екипата на Елиф Елмас би можела да загуби со службени 0-3.

Наполи реши да не патува во Торино, каде што требаше да го игра големото дерби, а раководството на Серија А беше јасно. Тие порачаа дека тимот од Неапол мора да игра во мечот.

Сега на потег е Наполи, и доколку не реши да замине на големото дерби, тогаш навистина би можел да загуби со 0-3, како што јавуваат дел од италијанските медиуми.