Пандев: Некои луѓе не испратија ни порака да прашаат како е Горан, ќе игра ли со Косово…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот капитен Горан Пандев на денешната прес-конференција пред утрешниот меч зброуваше за важноста на полуфиналниот натпревар од баражот за пласман на Европското првенство (ЕП).

Пандев кажа дека гори од желба да го победат Косови и да се борат за пласман на ЕП.

„Прво сакам да се заблагодарам на сите луѓе кои помогнаа да дојдам тука. Мојата желба, на федерацијата и македонската амбсада во Италија имаа голема желба да дојдам тука и на крајот успеавме. Се спремаме како и за сите други натпревари. Жално ќе биде што ќе нема публика и што двете репрезентации не се комплетни. Ние секако се надеваме на победа. Натпреварите во клупските дрес и овие во репрезентацијата, за мене ова е последна шанса да се пласирам со Македонија на ЕП. Емоциите сигурно се тука, ако не беа тие ќе се пензионирав до сега. Сакаме да го израдуваме македонскиот народ во овие тешки денови “, вели Пандев.

Пандев откри кој му помогнал да пристигне во Македонија, а испрати и критики.

„Што сум тука најзаслужни се селекторот, федерацијата, нашата македонска амбасада во Италија, како и луѓето во мојот клуб. Сите во клубот знае што ми значи овој натпревар, затоа и ми помогнаа. Сакам да испратам порака до некои луѓе кои не испратија ниту порака да прашаат како е Горан, ќе игра ли на овој натпревар“, додава капитенот.