„Диарио Гол“: Модриќ во последниот ден од преодниот рок покажа дека сака да игра за Реал Мадрид!

Реал Мадрид не купи ниту еден фудбалер, но во последниот ден од преодниот рок имале многу работа. Тие добиле неколку понуди, а најчесто тие биле за Лука Модриќ, кој го барале дури три клубови.

„Диарио гол“ објави дека Манчестер сити најпрво се јавил поради Иско, за кој испратил понуда, а притоа прашал дали може да го ангажираат и хрватскиот репрезентативец.

Освен екипата на Пеп Гвардиола, интерес за Хрватот покажале и Тотенхем и Интер. Сите три тимови добиле негативен одговор од Модриќ.

Хрватскиот капитен неодамна во интервју за шпанските медиуми кажа дека сака да се пензионира како фудбалер на Реал, па подготвен е дури и да ја намали платата во неговиот договор.