Батлер исчезна, изморениот Мајами запре: Лејкерс е шампион во НБА-лигата! ?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс ја освои титулата во НБА-лигата, откако во шестиот меч од финалната серија славеше со 106-93 и така ги постави конечните 4-2 против Мајами хит.

Лејкерс го контролираше натпреварот од самиот почеток, па по првата четвртина имаше предност од 28-20, кое постојано растеше како се ближеше крајот на полувремето, каде што разликата достигна убедливи 28 поени.

Разликата беше преголема па Мајами никако не успеа да е врати во мечот. Лејкерси без поголеми проблеми ја одржуваа предност и чекореа кон титулата. На крајот конечниот резултат гласеше 106:93.

Лејкерси беа предводени од Леброн кој оствари трипл-дабл од 28 поени, 14 скокови и 10 асистенции, Дејвис постигна 19 поени и додаде 15 скокови. Рондо броеше до 19, а одличен беше и Калдвел-Поп кој имаше 17 поени. Кај Хит Бем Адебајо стигна до 25 поени и 10 скокови.