Ништо од дуелот меѓу Роналдо и Меси? Португалецот нема да игра против Барселона!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо најверојатно нема да настапи против Барселона во Лигата на шампиони на мечот кој е закажан за 28 октомври.

Роналдо е во самоизолација, откако вчера доби позитивен тест на коронавирусот, па тоа значи декиа Португалецот нема да игра ниту против Шведска во Лигата на нации.

Ѕвездата на Јувентус ќе го пропушти и мечот против Кротоне во Серија А во сабота, но и мечот против Динамо Киев следниот вторник во елитното натпреварување.

Засега не е познато ни дали ќе игра против Верона на 25 октомври во Серија А, како и против Барселона во дербито на 28 октомври.