Зидан може да здивне – доби одлична вест пред „Ел Класико“!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид следната недела игра против Барселона во шпанското „Ел Класико“ од 16.00 часот, а пред натпреварот добија одлична вест.

Капитенот на клубот, Серхио Рамос дефинитивно ќе биде подготвен за големото дерби. Многумина се плашеа дека дефанзивецот нема да може да игра поради болката во коленото по мечот против Кадиз, но прогнозите се добри.

Медицинските прегледи покажале дека повредата не е тешка, па станува збор само за напор и се очекува Рамос да одмара против Шахтјор за да биде подготвен против Барселона.

Надвор од конкуренција за Барселона ќе бидат Карвахал, Одриозола и Одегард, а се очекува Зидан да направи неколку промени по поразот од Кадиз.

Натпреварот против Шахтјор се игра в среда од 18.55 часот, а потоа дуелот со Барселона е во сабота од 16.00.