Зидан има краток рок – следните два меча ќе ја решат неговата иднина во Реал Мадрид!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот Зинедин Зидан е под голем притисок, откако Реал Мадрид загуби двапати во последните ва меча, и тоа од Кадиз со 0-1 и Шахтјор Доњецк со 2-3 на домашен терен.

Шпанските медиуми почнаа да шпекулираат која би можела да биде замената за искусниот стратег, кој им донесе многу трофеи на „кралевите“, а како најсериозни кандидати се споменуваат Маурицио Покетино и Раул Гонзалес.

Зидан, сепак, нема толку лесно да ја загуби тренерската позиција бидејќи претседателот Флорентино Перез ќе му даде уште две шанси.

„Кралскиот клуб“ најпрво игра против Барселона во „Ел Класико“ во текот на утрешниот ден, а потоа на шпанскиот шампион му следи меч против Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампиони.