Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Првото „Ел Класико“ сезонава ги оправда очекувањата затоа што беа постигнати дури четири голови, а Реал Мадрид славеше на гостувањето во Барселона со 3-1.
Иако на трибините немаше гледачи поради мерките против пандемијата на ковид-19, фудбалерите одиграа одличен меч и сите уживаа покрај малите ТВ-екрани.
По само пет минути игра Федерико Валверде постигна гол за водство од 1-0, по што Ансу Фати израмни на 1-1 во осмата минута.
Во вториот дел „кралевите“ го враќаат водството преку Серхио Рамос во 63. минута, а конечните 3-1 ги постави Лука Модриќ во 90. минута кога си поигра со одбраната на каталонскиот гигант.
Реал Мадрид по шест одиграни меча е првопласиран со 13 бодови, додека Барселона по пет меча е на 10. место со седум бодови.