Рамос: Јасно беше како ден! Куман: ВАР се користи само против Барселона!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 3-1 во „Ел Класико“ против Барселона на „Камп Ноу“, но една ситуација предизвика контроверзи во Шпанија.

Рамос беше повлечен за дресот од страна на Клемен Ленгле, по што падна малку театрално, а судијата Хуан Мартинез покажа на белата точка.

Капитенот на гостите рутински ја реализираше најстрогата казна и до крајот на мечот Лука Модриќ погоди за конечни 3-1.

„Мислам дека пеналот беше чист. Ме повлече за дрес кога скокнав по топката и тоа беше јасно како ден. Не е фер да се критикува судијата поради одлука која е речиси чиста“, кажа Рамос.

Тренерот на Барселона, Роналд Куман не се согласи со одлуката на арбитарот и коментарот на Рамос.

„Не го разбирам ВАР. Мислам дека одлуката е донесена на штета на Барселона. Секогаш има повлекување за дрес и мислам дека Рамос прво направи прекршок врз Ленгле. За мене тоа не е пенал, ВАР секогаш се користи против Барселона“, вели Куман.