Бивш фудбалер на Арсенал и Милан се враќа во Италија?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Арсенал и Милан, Флаимини планира да се врати во Италија, каде што би потпишал договор со Бреша и ќе ја засили како слободен фудбалер.

Фламини добил неколку понуди во претходниот период од италијанските клубови, но наводно неговиот избор паднал на Бреша.

Искусниот фудбалер последниот меч на теренот го одигра во дресот на Хетафе, и тоа пред повеќе од една година во мечот против Реал Сосиедад.

Францускиот репрезентативец најмногу се прослави во дресот на Арсенал каде што собра 246 настапи, додека за Милан одигра 122 натпревари. Тоа се клубовите каде што помина најголем дел од кариерата.